Невремето, проследено со врнежи од град и дожд предизвикало 100 проценти штети на насадите во демиркаписко
До сто проценти штета на лозјата, тутунот, пиперот и други земјоделски култури предизвикаа врнежите од град синоќа во демиркапиското село Корешница.
Невремето, проследено со врнежи од град и дожд од околу 25 литри на квадратен метар, траело 15 минути.
Претседателот на месната заедница Ѓорѓи Танев рече дека невремето направило штета не само кај лозјата, туку и на тутунот, пиперот и други земјоделски култури.
Општината Демир Капија веќе формирала комисија за проценка на штетите.
26.07.2020 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа