Невремето предизвика хаос во Крим: Едно лице исчезна, четири се повредени - евакуирани се цели населби

Во невремето што го зафати Крим, едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош.

Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.

Советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков синоќа соопшти дека речиси половина милион жители на Крим останале без струја поради нeвремето

27.11.2023 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега