Невреме во Црна Гора- Силниот ветер корнел дрвја од корен, а улиците преплавени (ВИДЕО)

Невремето што синоќа ја зафати Црна Гора предизвика огромни штети во автокампот „Бова“ во Шупа во Тиват, а три лица се полесно повредени.

Силен ветер, дожд и град што одеднаш го зафатија Тиват, корнеа дрвја од корен и кршеа гранки , пренесува Вијести.

Паднатите дрвја уништија три камп приколки во Бова и оштетија автомобили.

Водоводните и електричните инсталации се оштетени, па кампот остана без електрична енергија и вода.

Сопственикот на кампот Ненад Вуковиќ ја повредил раката додека се обидувал да им помогне на своите гости.

За среќа, сите навреме биле евакуирани во блиската куќа на семејството Вуковиќ, па само двајца чешки туристи претрпече полесни повреди.

Според снимките од социјалните мрежи, може да се види дека многу улици во Будва биле под вода, а имало и автомобили кои биле заглавени во водата.

Слична беше ситуацијата и на улиците во Подгорица.

30.08.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега