Невреме какво што не е забележано во последните 100 години:Во поплавите во Крим исчезнаа две лица- има загинати

Едно лице загина, две лица се водат како исчезнати, додека 24 се повредени по поплавите што предизвикаа поројни дождови во близина на Јалта на Крим, потврди градоначалничката Јанина Павленко.

Невреме со обилни врнежи од дожд проследено со силен северозападен ветер го погоди Крим во четвртокот, повеќе од 22.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а локалните власти прогласија вонредна состојба, пренесува ТАСС.

Павленко потврди дека такво невреме, придружено со обилни врнежи од дожд, не е забележано на Крим од 1922 година.

Стотици куќи преку Крим беа оштетени, 13 хотели во Јалта беа поплавени, а наредбата за евакуација беше распишана во два хотела.

Во тек се активности за расчистување на последиците од оваа природна катастрофа.

20.06.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега