Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западното и источното подрачје од земјава.
Според информациите од УХМР, нестабилното време веќе зафати неколку региони.
„Нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер западно од Струга!“, соопштија од УХМР.
Покрај струшкиот регион, невреме е забележано и во источниот дел од државата, каде што има и можност за појава на суградица.
„Нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на суградица има јужно од Берово!“, информираат од Управата.


