Невреме денес и утре попладне: Доаѓаат пороен дожд и грмежи
Период на претежно стабилно и топло време со појава на изолирана нестабилност во попладневните часови, прогнозира Управата за хидтрометеоролошки работи.
УХМР за денеска и за утре попладне најавува услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура е во интервал од 24 до 31 степен, а вредноста на УВ-индексот е 8.
Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура во главниот град е 28 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа