Невработените во очекување на грантовите за самовработување од по 5.000 евра
Мерката „Самовработување со грант“ изминатите години е најатрактивна за невработените кои сакаат да отворат сопствен бизнис, а преку која добиваат по 5.000 евра државни пари.
Годинава за оваа мерка на државно ниво аплицираа над 3.000 лица, од кои околу 240 од регионот на Гостивар. По извршената првична селекција на кандидатите, во тек е фазата на изработка на бизнис планови.
„Програмата самовработување се реализира во неколку чекори, а во тек е чекорот за изработка на бизнис план, кој се реализира во четири фази низ цела држава. Изработката на бизнис плановите се реализира со поддршка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, која ангажира советници/експерти кои ги изработуваат во целост бизнис плановите врз основа на бизнис идејата на лицата апликанти. Првата фаза започна на 09.05.2022 година и ќе заврши на 23.06.2022 година. Претходно беше реализирана селекција на апликантите за изработка на бизнис планови врз основа на критериумите од програмата, известување од страна на центрите за вработување, објавување повик за избор на советници кои ги изработуваат бизнис плановите. По завршување на првиот чекор – Изработка на бизнис план, следи вториот чекор, односно оценка на истите од страна на Експертска комисија (надворешно тело составено од банкари и претприемачи) за што е надлежна АППРСМ. Третиот финален чекор е финална селекција на аплкантите за доделување на грант.“, информираат за Gostivarpress.mk од Агенцијата за вработување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа