Невиден изум: Од Фодндот за инвоации земал пари за лепење плакати на скопските такси возила

 

Во соработка со раководството на Фондот за иновации и технички развој откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, почнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните, истакна денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Daily click” на ТВ21.

Според Андоновски, поголемиот дел од недоследностите се фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го ограбиле државниот буџет.

Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува, потенцираше Андоновски.

Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот во периодот на Ковид кризата каде што посочи дека требало да биде фонд за иновации и технолошки развој, но фондот финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

17.09.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега