Неверојатната приказна доби завршница: Се огласи таткото на малиот Том кој доби рекет од Ѓоковиќ и откри што се случувало

Медиумите не престануваат да пишуваат за момчето Том, кое го привлече вниманието на јавноста во финалето на Ролан Гарос, дури и неколку дена по завршувањето на Грен слемот.

Новак му го даде рекетот на момчето кое навиваше од публиката цело време по завршувањето на мечот, а неговата реакција расплака многумина.

Сега таткото на момчето во интервју откри што се случува по моментот што го воодушеви целиот свет.

„Тој дојде на мечот во српска маица“, откри неговиот татко за францускиот сајт „Франсблеу“, а потоа ги опиша деталите за време на мечот, особено кога Новак ги загуби првите два сета од Цитипас во финалето.

"Тој започна многу силно да го охрабрува и бодри Новак, кој го забележа. Воспостави мала врска. Кога дојде да седне спроти нас, го погледна Том и ги крена палците нагоре и намигна", открил неговиот татко.

Откако Новак по неверојатен пресврт успеа да го совлада Циципас и да го достигне својот 19 грен слем трофеј, тој дојде до малиот Том чија поддршка му даде енергија да направи пресврт.

Откако го виде како скока од радост, Новак го погледна Том и му рече да остане таму: „Ќе се вратам подоцна“, му вети најдобриот тенисер во светот, кој по финалето имаше обврски да дава интервјуа и церемонија на доделување трофеј .

"Тоа е многу топол момент за него, мислам дека никогаш нема да го заборави. Новак му значи многу, тоа беше момент на среќа. Тој беше неверојатно среќен. Сигурен сум дека зборувал за тоа и со неговте пријатели. Утринава тој сакаше да ја земе својата капа и  да ја носи на училиште. Тоа е момент што ќе остане врежан во неговата меморија засекогаш. Ја носеше капата и на ручек попладне. Тој игра на турнирот во сабота, па мислам дека ќе ја носи и тогаш “, заклучи таткото.

15.06.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега