Нетфликс тестира нова функција

Популарниот стриминг сервис Нетфликс има во план да додаде нова функција. Оваа иновација би требало да овозможи случаен избор на следната содржина за гледање, а е наречена (барем засега) „Shuffle Play“.

Со тестирање на оваа функција започнале уште од јули, но засега е достапна на ограничен број модели на телевизори.

Како што сега стојат работите, со одбирањето на оваа опција, Нетфликс ќе ви понуди содржини слични на оние кои веќе сте ги гледале. Можно е оваа функција, на пример, да одбере случајно одредена епизода од некоја ТВ серија.

Тестирањето е се уште во тек во неколку држави, со различни рокови на траење. Од компанијата Нетфликс велат дека „Shuffle Play“ ќе прејде во широка употреба само доколку се покаже како навистина корисна алатка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа