Премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе ги свика своите врвни помошници на итен состанок попладнево за да разговараат за одговорот на Израел на нападот на Хамас врз војниците на ИДФ претходно денеска и неуспехот на групата да ги врати повеќето од преостанатите убиени заложници, изјави канцеларијата на еден од присутните министри за „Тајмс оф Израел“.

Израелски воен претставник во меѓу време изјави дека може да се извршат нови воздушни напади врз Газа, по нападите врз Рафа на југ и Бејт Лахи на север во текот на денот.

-Постои можност за повеќе напади, изјави претставникот за новинарите за време на онлајн брифинг, откако војската соопшти дека ги таргетирала милитантите одговорни за три одделни напади врз израелските сили.

Exit mobile version