Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран не претставува крај на кампањата против Иран и дека Израел е подготвен да ги обнови борбите во секој момент.

– Сè уште не сме ги постигнале сите цели и тоа ќе го сториме или со договор или со возобновување на борбените дејствија – истакна Нетанјаху, додавајќи дека примирјето е само една фаза од процесот.

Тој увери дека привремениот прекин на огнот во траење од две недели бил „целосно усогласен“ меѓу Вашингтон и Израел, негирајќи дека неговата земја била изненадена од потегот на американскиот сојузник.

И покрај смирувањето на фронтот со Техеран, воените операции во Либан продолжуваат со несмален интензитет.

Exit mobile version