Close Menu
    Најново

    Муцунски: Нема и нема да има договор со ОК за прием на мигранти или одбиени баратели на азил

    22.12.2025 во 21:04

    Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029: Потег за почит

    22.12.2025 во 21:01

    Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата

    22.12.2025 во 20:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски: Нема и нема да има договор со ОК за прием на мигранти или одбиени баратели на азил
    • Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029: Потег за почит
    • Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
    • Зеленски: Основниот пакет документи за мировен план е подготвен
    • Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души
    • Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија
    • Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци
    • Повторно блокиран Евзони
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција

    Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција

    30.11.2025 во 14:19
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално побара помилување од претседателот Исак Херцог во врска со долгогодишното судење за корупција што се води против него.

    Канцеларијата на Херцог потврди дека писмата се примени и од Нетанјаху и од неговиот правен тим. Барањето сега влегува во формална процедура и ќе биде проследено до Министерството за правда, кое треба да собере мислења од надлежните органи пред претседателот да ја донесе конечната одлука.

    „Канцеларијата на претседателот е свесна дека ова е вонредно барање кое носи значајни импликации. Откако ќе ги добие сите релевантни мислења, претседателот одговорно и искрено ќе го разгледа барањето“, соопштија од кабинетот на Херцог.

    Судењето на Нетанјаху трае повеќе од пет години под обвинение дека примал луксузни подароци – накит, пури и розов шампањ во вредност од околу 174.000 евра од богати соработници. Премиерот цело време ги негира обвиненијата, нарекувајќи го процесот „лов на вештерки“.

    Овој потег доаѓа по јавната поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средината на ноември испрати писмо, а претходно и во говор пред Кнесетот побара помилување за израелскиот лидер.

    Популарно

    (ВИДЕО) Скандал на новогодишна прослава во регионот: Гостите се соблекувале голи, музилар завршил со скршеници, посекотини и модринки

    22.12.2025 во 16:06

    Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците

    22.12.2025 во 15:32

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.