Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.
Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.
Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
- Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
- Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
- Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
- Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
- Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
- Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
- Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна

