На 2 август 2026 година, во 18:30 часот, во ОВР Ресен било пријавено дека на местото викано „Планинче“, во атарот на село Јанковец, се случила сообраќајна незгода со четирицикл.

Според пријавеното, четирицикл марка „Линхаи“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Т. (46) од село Јанковец, при што како сопатници биле Д.К. (28) од истото село и 9-годишен малолетник од село Базерник, Демир Хисар, изгубил контрола и се превртел.

По незгодата, лекар од Здравствениот дом во Ресен констатирал тешки телесни повреди кај возачот и кај малолетникот, додека кај сопатникот Д.К. биле утврдени телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Ресен.

Exit mobile version