Несреќа во Кавадарци: Тракторист загинал на лице место- МВР со детали

 

 

Маж од Кавадарци починал на лице место откако со тракторот со кој управувал излетал од патот.

„На 27.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Крњево, при  вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот, по што Г.Н. починал на местото на незгодата“ соопштува МВР.

Извршен бил увид  од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега