Паника поради можен недостиг на гориво ја зафати Словенија, принудувајќи ги властите да воведат итни мерки за стабилизирање на пазарот. Во акцијата за дистрибуција на нафтени деривати низ целата земја е вклучена и словенечката армија со своите логистички капацитети.

Како што соопштија воените власти, активирани се екипите на 670-от логистички баталјон. „Тимови и материјални ресурси се подготвени во согласност со одлуката на Владата за обезбедување снабдување со гориво на граѓаните“, се наведува во официјалното соопштение.

Армијата нагласува дека нивните цистерни веќе се распоредени на терен и помагаат за забрзување на испораките до бензинските пумпи. Војниците поминале дополнителна обука за да помогнат во надминување на кризата со транспортот.

Од полноќ на 24 март, стапи на сила одлуката за ограничување на полнењето гориво. Оваа мерка е донесена на неодредено време со цел да се ублажат проблемите со снабдувањето.

Според новите правила, испораката на гориво е ограничена на 50 литри по лице дневно. За правните лица и земјоделците, лимитот изнесува 200 литри дневно. Владата побара од дистрибутерите подобра координација за побрзо празнење на магацините кон малопродажните објекти.

Exit mobile version