Необична несреќа на возачки испит, жена се преврте со автомобилот за помалку од минута

 

Необична сообраќајна несреќа се случила за време на полагањето на возачки испит во Аргентина.

Жената (63) практичниот дел од возачкиот испит го полагала на полигонот во градот Ланус на истокот на Аргентина. На видеото се гледа дека неволјите почнуваат кога таа првиот пат удира во рабниците.

Потоа целосно губи контрола врз возилото.

По неколку секунди, таа го вози автомобилот на зелените површини, а потоа најверојатно притиснува гас наместо кочница и со голема брзина удрила во столб од светилка. Од силината на ударот автомобилот се превртува на едната страна.

Жената од превртеното возило ја извадиле припадници на спасувачките служби.

„Испратена е во болница, каде  е утврдено дека се здобила само со полесни повреди поради тоа што носела сигурносен појас“ соопштија од општината.

Аргентинскиот портал La Nacion наведува дека жената веќе знаела да вози и полагала возачки испит за да ја обнови дозволата.

10.06.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа