Жителот на Вировитица, Ненад Марковиќ, преживеал вистински шок кога сосема случајно, на бензинска пумпа, дознал дека за системот тој веќе не е меѓу живите. Проблемот настанал кога неговата банкарска картичка била одбиена, а вистината излегла на виделина следниот ден во банката – неговите сметки биле блокирани бидејќи официјално бил заведен како починат на 16-ти март.
Причината за овој административен кошмар е бизарна грешка во Општата болница во Вировитица. Имено, на истиот ден починал друг пациент со исто име и презиме, но наместо неговите, во системот бил внесен матичниот број на живиот Ненад Марковиќ.
„Ова е незамисливо! Не само што ме прогласија за мртов, туку постојат индиции дека починатиот пациент бил лекуван со моите здравствени податоци. Мојот идентитет е целосно украден од самиот систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

