Американскиот претседател Доналд Трамп упати драматично соопштение до јавноста, тврдејќи дека воената моќ на Иран е речиси целосно неутрализирана по серијата масовни воздушни и поморски напади. Според неговите зборови, американските сили извршиле прецизни удари врз илјадници стратешки точки ширум земјата.
Трамп истакна дека операцијата била со невиден интензитет и дека иранскиот отпор е скршен на клучните фронтови.
„Иранската морнарица е уништена. Нивните воздушни сили повеќе не постојат. Погодивме над 7.000 цели во Иран“, изјави Трамп во својот препознатлив стил, нагласувајќи ја надмоќта на американската војска.
Според информациите од Белата куќа, нападите биле насочени кон воени бази, складишта за ракети, командни центри и инфраструктура поврзана со нуклеарната и вселенската програма на Техеран. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии, додека меѓународната заедница со загриженост ги следи потезите на Вашингтон.
Иако бројката од 7.000 цели се смета за фрапантна, Трамп уверува дека нападите биле „хируршки прецизни“ со цел да се оневозможи каков било противнапад врз американските интереси или сојузниците во регионот.

