Нема трансформатор за РЕК Битола, има дефект на генераторот во ТЕЦ Неготино

 

Додека ги слушаме фалбите на Владата на „нашата земја“ за тоа колку енергија произвела државната компанија ЕЛЕМ, новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцнел со испораката поради некакви транспортни проблеми, велат од Комисијаta за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

АД ЕЛЕМ склучи договор за поправка на оштетениот трансформатор во РЕК Битола со ЦОМЕЛ од Србија. Исто така на 28 Јули 2022 година склучи договор за нов трансформатор за трет блок во РЕК Битола кој според склучениот договор требаше најкасно на 15 Ноември да биде монтиран на лице место и ставен во погон. И еве, 15.11. 2022 година дојде, но трансформаторот не дојде.
Сега е целосно нејасно кога и дали блок 3 во РЕК Битола ќе биде во погон или ќе го чека другиот трансформатор кој е на поправка во Србија, потсетуваат оттаму.

Oд Комисијата прашуваат – Дали ќе се наплатат пенали за доцнење и неисполнување на договорните термини?

За новиот трансформатор се склучи договор со трговска компанија Actael N Ltd од Бугарија. Од интернет може да се најдат информации дека оваа компанија е основана на 28.6.2018 година со капитал од 5.000 лева како друштво со ограничена одговорност од едно лице, а во 2019 година има само 5 вработени и вкупен обрт од 219.000 лева. Во основна дејност стои дека е купување-продажба на стоки и друга опрема во обработен и/или необработен вид.

Компанија Actael N Ltd нарачала трансформатор во фабрика ASTOR Energi Ankara – од Турција. Трансформаторот ќе бил произведен, транспортиран, монтиран и ставен во погон во експресно краток рок од 110 дена од денот на потпишување на договорот.
Вака краток рок на производство на сосема нов енергетски трансформатор со преносен однос на напонот 425/15,75 кВ (засега моќноста не е позната) практично не е можно да се реализира, велат од комисијата.

Се наметнува прашањето, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,  дали се работи за нов трансформатор или е некој стар користен и сега само се прави некоја ревизија во турската фабрика?\

Затоа е неопходно директорот на АД ЕЛЕМ да излезе и јавно да каже дали се работи за комплетно нов трансформатор произведен во фабриката или само се репарира и префарбува некој стар и користен? Секако треба да ја образложи и цената која е енормно висока и изнесува 5.450.000 евра без ДДВ, склучена со бугарска компанија Actael N Ltd.

Колку информативно за споредба треба да се земе предвид дека во МЕПСО пред две години се набави комплетно нов енергетски трофазен автотрансформатор 400/110/(10,5) кВ, 300/300/(100) МВА. Цената на овој нов трансформатор изнесува 2.393.000 ЕВРА без ДДВ.
Како ќе се објасни разликата од 3.057.000 ЕВРА без ДДВ? Или со ДВВ 3.607.260 ЕВРА?.
Сега се најавува проблем со транспортот на трансформаторот бидејќи бил многу голем и тежок. Меѓутоа, ако е трансформаторот ист како постојните во РЕК Битола кои се транспортираа за поправка до Белград-Србија, зошто овој нарачан од бугарската компанија има проблем со транспортот?
Ниту трансформаторот кој е на поправка е поправен, ниту новиот трансформатор е пристигнат. Дополнително генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект и сега набрзина се поправа со некои ангажмани кои не се објавени на бирото за јавни набавки што упатува дека е тоа со омилената метода со директно преговарање без јавна објава.
Ова е вистинската состојба во енергетиката. Карактеристика на работата на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ е само добар ПР маректинг и лаги, а во суштина имаме одлевање на милиони евра за увоз на електрична енергија со пари од Буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

14.11.2022 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега