Нема повредени во пожарот кај фабриката „Треска“
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа