Нема никаква соработка на СДСМ со ДУИ и со Левица, вели опозицискиот лидер Филипче во изјава за медиумите.
„Настапуваме автентично сами заедно со коалиционите партнери во рамките на нашата коалиција. Ги слушам меѓусебните обвинувања. Еве, вчера имаше прашања за да коментирам однос на тие обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам, од такви празни фоскули, обвинувања, едноставно им е преку глава.“ – рече Филипче.
Според него, главните проблеми се во економијата а граѓаните се изморени од секојдневно слушање на истата реторика.
„Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за многу сериозни теми. Не може ние да повеќе слушаме како некој се обвинува дали бил лав или, или орел, или врапче, или, или маче.“ – рече Филипче
- Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
- Студентите бараат 200 денари за оброк
- Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
- Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
- Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
- Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
- Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
- Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

