Нема никаква соработка на СДСМ со ДУИ и со Левица, вели опозицискиот лидер Филипче во изјава за медиумите.
„Настапуваме автентично сами заедно со коалиционите партнери во рамките на нашата коалиција. Ги слушам меѓусебните обвинувања. Еве, вчера имаше прашања за да коментирам однос на тие обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам, од такви празни фоскули, обвинувања, едноставно им е преку глава.“ – рече Филипче.
Според него, главните проблеми се во економијата а граѓаните се изморени од секојдневно слушање на истата реторика.
„Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за многу сериозни теми. Не може ние да повеќе слушаме како некој се обвинува дали бил лав или, или орел, или врапче, или, или маче.“ – рече Филипче
- Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден
- Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка
- На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична
- Трамп доби „зелено светло“ за војната: Сенатот ја отфрли резолуцијата за запирање на нападите врз Иран
- Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци
- Газда Деко нема да биде префрлен во Шутка – Само душекот не му бил добар
- Дечкото го удирал во градите и по главата, девојката му ја влечела униформата – полицаец преживеал хорор за време на рутинска контрола
- Го барале преку Интерпол – Македонската полиција го фати


