Нема договор Заев-Гаши: Средбите ќе продолжат и следната недела

 

Не падна договор на средбата меѓу лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши за партијата која има четири пратеници да влезе во парламентарното мнозинство. Премиреот  Заев на прес-конференција по средбата кажа дека тој не е за предвремени парламентарни избори и оти остануваат уште три и пол години од мандатот на оваа Влада.

-Одлуките се носат како и во СДСМ, така и во Алтернатива, така и во другите партии во Органите и телата на партијата. Ние од страна на СДСМ сме подготвени да ги адресираме сите овие прашања и секако ќе очекуваме од партнерите да ги адресираат сите овие прашања, рече Заев.

Вели дека денеска се отвориле неколку проблематики за кои за време на викендот и на почетокот на идната недела ќе размислуваат и двете партии. Вели дека за Македонија најважна е европската иднина.

-Сите треба да водиме грижа за европската иднина на Република Северна Македонија. Тоа е наше ветување пред граѓаните. Тоа е возможно, дефинитивно многу поизвесно ако имаме стабилна Влада со стабилно парламентарно мнозинство или оставаме отворена ситуација на нестабилна Влада и на нестабилно парламентарно мнозинство. Јас сум убеден конечно долгот на Европската унија на целиот наш народ во РСМ ќе биде испорачан зашто тоа е и обврска на ЕУ и зашто е и политика на целата ЕУ, рече Заев.

19.11.2021 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега