„Нема повеќе да се молиме, ќе се бориме. Од пред симболот, Работничкиот дом, одиме пред Собранието, кај газдите и пред Владата. Нека не бројат -многу сме!“, изјави лидерот на ССМ, Слободен Трендафилов на денешниот масовен протест на ССМ.

Во 17 часот започна масовниот протест на работници кои излегоа да го изкажат својот револт поради ниските плати кои ги добиваат. Од Синдикатот бараат минимална плата од 600 евра и соодветно покачување на сите останати за 6.000 денари.

На протестот се присутни илјадници работници.

Exit mobile version