Нема да има полициски час, Филипче ќе го врати предлогот до Комисијата за заразни болести

Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите „за“ и „против“, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче, да го повлече предлогот, објави Алсат-М, повикувајќи се на владини извори.

Како што пренесе порталот, предлогот ќе биде вратен во Комисијата за заразни болести, која вчера побара воведување полициски час во четири градови. Во предлогот беше наведено дека се бара полицискиот час да почнува во 22 часот, а да трае до 5 часот следниот ден.

Сепак од Влада нема официјална потврда, велат дека седницата се уште трае.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега