Неколку улици во Скопје утре без вода

Без вода утре од 09.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Ташкенска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, „Хаванска“ и „Мексичка“ во Општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефектот во шахта на улицата „Ташкенска“.

Водоснабдувањето ке биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Исто така, поради дефект на ф 100 мм на улицата „Аминта Трети“, прекинато водоснабдување утре ќе имаат и дел од корисниците од оваа улица, и тоа од 08.30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект Ф 100, на булеварот „Јане Сандански“, без вода утре ќе бидат корисниците од висока зона од број 79,81,83,85 и 87.Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09.00 часот до завршување со санација на дефектот.

17.05.2022 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа