ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Вашингтонска 53“, денеска е прекинато водоснабдувањето во дел од градот.

Без вода од 11:40 часот се корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“.

Од претпријатието посочуваат дека прекинот ќе трае до целосно завршување со санација на дефектот од страна на дежурните екипи.

Exit mobile version