Вчера во 12:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(30) од Неготино.

Тој се сомничи дека од паркирано возило, сопственост на 38-годишен неготинец, со употреба на сила одзел пари, а од возило на 22-годишен неготинец одзел разни предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците.

С.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version