Нефролог открива во кои 4 ситуации не е добро да пиете вода

 

Нутриционистите и докторите најчесто препорачуваат секој ден да пиеме по осум чаши вода, но некои експерти велат дека количината на вода е под знак прашалник и зависи од личност до личност.

Без оглед на ова општо мислење на докторите, тоа што е неопходно е хидратацијата на организмот.

Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Истовремено, таа обезбедува внесување на есенцијални материи, како што се калциум, магнезиум и флуор.

Помага и при исфрлање на токсините од виталните органи, а носи и хранливи материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура, како и притисокот.

Меѓутоа постојат ситуации кога всушност не би требало да пиете вода, односно кога нејзиното внесување треба да се сведе на минимум.

Нефрологот Вадим Цветков открил во кои случаи големата количина на течност би нанела повеќе штета отколку корист во организмот.

Експертот препорачува пред сè да обрнете внимание на бојата на урината.

Доколку е светложолта и може да се опише како „проѕирна“, тогаш тоа укажува на доволно внесување на течност. Т.е. не мора да претерувате да внесувате повеќе од 8 чаши вода дневно.

Секако, ситуација во која не се препорачува пиење многу вода е кога веќе сте внеле доволно течности - чаеви, сокови и слично. Како и кај дехидратацијата, вишокот влага во клетките ќе доведе до дисбаланс на електролитите.

Нефрологот укажал и на грешката која многумина ја прават, а тоа е пијат вода веднаш по јадењето.

Во тој случај доаѓа до чувство на тежина во стомакот. Ефектот на забрзување на метаболизмот, кој се поврзува со внесување на вода, овојпат ќе изостане и ќе создаде тегоби.

Уште една грешка која ја прават речиси сите кои се физички активни е тоа што пијат вода додека вежбаат. Д-р Цветков вели дека во текот на интензивниот тренинг не треба да пиете многу вода.

Поради тоа што телото губи важни соли и елементи, секако подобро е да консумирате специјални пијалаци за спортисти кои ги надополнуваат тие нутриенти.

18.02.2022 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега