Нефи Усеини поднел оставка од функцијата советник во општина Охрид

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ Нефи Усеини поднел оставка на функцијата што ја вршеше од 2017 година.

Претседателот на Советот на Општината Живка Ангелоска појасни дека согласно Деловникот оставката треба да ја разгледа Комисијата за верификација, избори и именувања, по што на следната седница закажана за в петок, Советот треба да ја констатира истата, по што треба да се спроведе постапка за верификација на мандатот на новиот член на Советот.

Против бизнисменот Усеини кој има своја градежна компанија во Охрид се води кривична постапка пред Основниот суд во Охрид за сторено дело „насилство“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега