Неделна прогноза: Доаѓа летен викенд а од понеделник драстичен пад на тмепратурите

 

Ако планирате нешто на отворено тогаш викендот кој следи ќе биде перфектен за тоа, особено петокот и саботата.
По денешниот релативно облачен но топол ден веќе од утре следи разведрување и повеќе сонце.
Утрешните температури се прогнозираат на некои максимални 30 степени. Четвртокот ќе донесе вистинско лето. Во некои делови од земјава максималните дневни температури ќе се искачат и до 33 степени. Речи си исто време со многу сонце не очекува и во петок. Температурите исто така се прогнозираат на високи 33 степени што е невообичаена температура за крајот на септември. Благо наоблачување ќе има во сабота но тоа нема да ги спушти температурите кои и натаму ќе останат како во деновите од средината на летото.
Веќе во недела се најавува поголема облачност која во попладневните часови ќе донесе услови за врнежи од дожд. Температурите се очекува да се спуштат под 25 степени.
За идната недела се најавува нова дестабилизација а понеделник се очекува да биде еден од постудените денови во септември.

 

24.09.2024 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега