Close Menu
    Најново

    Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

    03.10.2025 во 20:28

    Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

    03.10.2025 во 20:25

    Филипче: Да ја сопреме неправдата која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

    03.10.2025 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами
    • Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена
    • Филипче: Да ја сопреме неправдата која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Никој не верува дека СДСМ може да имаат црвени линии
    • Вучиќ го вклучи црвениот аларм: Ќе има војна
    • Има 97 години и се кандидираше за советничка: Еве која жена руши политички рекорди
    • Директорот добро помина: Плата за кој месец зема те прашувам бе
    • Сообраќаен хаос и попладнево во Скопје: Граѓаните се бесни и револтирани
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Не земале плата за август – ќе продолжат да го блокираат Скопје

    Не земале плата за август – ќе продолжат да го блокираат Скопје

    01.10.2025 во 18:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа повторно на улица и блокираа неколку крстосници во Град Скопје, со цел да го изразат своето незадоволство за доцнењето на платите за месец август.  

    Претседателот на Синдикалната организација на „Паркови и зеленило“ вели дека иако очекувале дека ќе наидат на разбирање од надлежните институции, сепак оттаму не добиле никакви конкретни чекори, само ветувања. 

    Иако се е сработени во паркови и зеленило, може и самите да видите, плата нема. Зошто нема плата и има двојни стандарди кон ова претпријатие, ситедруги имаат и плати и К15, нас не ни е дадено ништо. Затоа се прашуваме иако бевме залажувани дека ќе добиеме на рати, дека ќе добиеме К15 не добивме. Затоа е овој револт. Не е политика туку е револт.

    Претседателот од  репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски пак, објасни дека потребно е да се изготви нов документ за одржливо финансирање на претпријатието со кој би се спречиле ваквите нередовни исплати на плати.

    Со оглед на тоа дека ваквиот досегашен начин за финансирање на ова претпријатие е неиздржлив и имаме нередовна исплата на плати и потешкотии во работата на претпријатието. Заедно со стручниот кадар од ЈП и ние СУТКОЗ да изготвиме еден документ во кој ќе изготивиме насоки за поинакво одржливо финанисрање. 

    Од Сојузот на синдикати на Македонија, пак информираа дека веднаш по завршување на блокадите, платата за месец август им била исплатена само на вработените во „Паркови и зеленило“, додека вработените во фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ се уште не го добиле својот надоместок.

    Доколку не им биде исплатена платата и на останатите вработени, блокадите ќе продолжат и во наредните денови. 

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    И ова е можно: Затвореник пуштен на седумчасовно отсуство од затвор фатен како превезува 392 таблети бупренорфин во кумановско

    03.10.2025 во 14:47

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни

    02.10.2025 во 22:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.