„Не си сам“: Фризер мораше да го ишиша својот тешко болен колега, па машинката ја сврте кон себе и расплака многумина

 

Џоел Ортега Гонзалес, бербер од Шпанија, морал да му ја ишиша косата со машинка на неговиот колегата Нефтали Мартин, бидејќи почнал да ја губи косата поради хемотерапија.

Нафтали постави камера пред огледалото за да се збогува со својата коса.

Во виралното видео, кое собра 2,5 милиони лајкови на „ТикТок“, се случи нешто неочекувано: кога заврши со косата на Нафтали, фризерот исто така ја избричи косата.

- „Не си сам“, тоа би биле зборовите на мојот голем пријател и соработник - напишал човек кој се бори со рак во описот на видеото објавено на ТикТок.

Џоел му ветил на својот пријател дека ќе се шиша на ќелаво се додека тој не се излечи.

- За оние кои не го познаваат, Џоел не е само соработник, тој е како брат за мене. Те сакам брат - додаде Нефтали.

 

@neftabarber

#noestassolo #cancer #amigosforever #barbero #barber #viral #life @imjooeel @lordsandbarbers

Love Is Gone - 女王Music

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега