Не превземале ништо: Властите во Либар ги игнорирале предуперувањата за експозивната хемикалија во Бејрут

Најмалку 10 пати во изминатите шест години надлежните од либанкста царина, војска, безбедносна агенција судски официјални лица предупредувале на опасност од складиштето со огромна количина на експлозивна и опасна хемикалија на пристаништето без никакво обезбедување во срцето на Бејрут.

АП известува дека се обелоденети досега непознати документи, врз основа на кои може да се заклучи дека надлежните органи во земјава не сториле ништо и дека предупредувањата минале низ круг на неодговорност и минимизирање на опасноста, што предизвикало експлозија на 2.750 тони амониум нитрат.

Претседателот на Либан, Мишел Аун, кој е на власт од 2016 година, рече дека тој за прв пат бил информиран за опасното складирање на амониум нитрат пред три недели и дека веднаш им наредил на армијата и безбедносните структури да направат „сè што е потребно“, но дека неговите одговорноста завршува тука бидејќи не постои надлежност над пристаништето во Бејрут, а претходната администрација беше свесна за проблемот.

Досега се уапсени 16 вработени во пристаништето во Бејрут, а неколку други лица биле сослушани од истражните органи, но многу либански граѓани тврдат дека одговорноста за овој трагичен настан се протега на врвот на државната влада.

Во експлозијата загинаа 154 лица, повредени се повеќе од 5.000, а штетата се проценува на милијарди долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа