Не може секој да и биде пријател – Правила кои мора да ги исполни секој кој сака да се дружи со Бијонсе

Бијонсе Ноулс Картер (38) има многу малку вистински пријатели во животот, а постојат правила кои тие треба да ги почитуваат ако сакаат да се дружат со неа.

Меѓу нив е пејачката Кели Роланд (39) со која Бијонсе се дружи уште од времето кога биле деца, а а пријателите кои се дружат со пејачката конечно ја открија тајната за дружбата со големата ѕвезда.

Без оглед што е мега ѕвезда, Бијонсе контролира колку информации од нејзиниот личен живот ќе излезат во јавноста. Со ограничена интеракција со фановите, ограничена интеракција со медиумите и ограничено време за забава во Холивуд, не е ниту прашање дали на нејзините пријатели им е „затворена устата“.

Прво правило за дружење со Бијонсе е потпишување договор за тајност.

Кога беше објавена песната на Диџеј Калдес „Top Off“, која ја изведоа Џеј Зи и Бијонсе во 2019 година, фановите се прашуваа дали текстот на песната кој гласи: „Ако се забавувавате со кралицата, ќе мора да потпишете договор за тајност“.

Фановите се прашуваа дали тоа се однесува на односите со комичарката Тифани Хадиш, која не сакала да зборува за еден инцидент во јавноста.

Имено, на еден концерт на Џеј Зи во Лос Анџелес во 2018 година, една славна личност ја загрозила Бијонсе, а Хадиш во тој момент истурила чај од страв во публиката. Таа подоцна на Инстаграм им објасни на фановите, дека не смее да каже ништо околу тоа, бидејќи потпишала договор за тајност.

-Ја сакам Бијонсе. Се што ќе каже ми звучи совршено. Знам дека ќе го потпишам тој договор кога и да треба за Бијонсе. Но, исто знам дека ќе се борам за Бијонсе. Ја сакам таа жена, бидејќи е подарок од Господ, рекла комичарката.

Второ правило е тоа што блиските пријатели секогаш добиваат подароци од неа и мораат да ги примат.

Имено, актерката Риз Витерспун во едно интервју го испофали познатиот пар, а Бијонсе и се одлучила со тоа што ѝ испратила скапо шампанско на домашна адреса.

Исто така, раперката која неодамна беше застрелана, Меган Д Сталион, имаше само пофални зборови за Бијонсе.

-Имав чуство дека ја познавам целиот свој живот. Ме прифати како да сум нејзино семејство и сега навистина имам такво чувство. Цело време се слушаме, рекла раперката која добила доста бесплатна облека од Бијонсе.

Третото правило е тоа што сите нејзини пријатели мора да бидат нејзини фанови и да ги знаат сите текстови на нејзините песни.

-Тие ми посакуваат најдобро, несебично и безрезервно, рекла пејчката за своите пријатели.

Поранешната Прва дама на Америка, Мишел Обама во едно интервју рекла дека би ја земала со себе токму Бијонсе на пуст остров, бидејќи двете било идентични, освен тоа што Мишел не знае да игра и танцува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега