Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови.
На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални $3^\circ\text{C}$ до максимални $11^\circ\text{C}$.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на циклонска активност, од вечерните часови денеска до крајот на неделата, продолжува периодот на нестабилно време со пообилни врнежи на запад и југ. Минималните температури насекаде ќе бидат позитивни.

