Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница.
Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


