На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија. 

На 12.10.2025 во 11:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта. 

На 12.10.2025 во 20:20 часот на локален пат Раштани-Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(57) од Велес. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес, било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта. 

Exit mobile version