Не чека студено време до крајот на декември - кога ќе падне првиот снег во Скопје?

Уште во текот на оваа ноќ во одредени котлини низ Македонија ќе се создадат услови за врнежи од снег. Температурите до крајот на неделава ќе бидат едноцифрени со благи минуси во утринските часови.
Во Скопје денеска поголеми се шансите врнежите да бидат од дожд иако на водно можно е во текот на вечерта да завее и снег.
Речи си цела работна недела ќе биде врнежлива. Услови за дожд ќе има и утре и во среда и во четврток со температури кои нема да се разликуваат многу од она што го имавме денеска. Облачното време ќе донесе нешто повисоки температури во утринските часови кои нема да се спуштаат под нула а дневните нема да надминат 7 степени.
Разведрување се очекува во петок кога меѓу облаците ќе се пробие и малку сонце кое температурите ќе ги искачи до 8 степени.
Викендот ќе биде облачен со температури кои нема многу да се разликуваат од денешните. Се очекува нешто над нулата во утринските часови и под 10 степени во текот на денот.
Што се однесува до врнежите, актуелните прогнози покажуваат дека декември ќе биде доста врнежлив месец. Дожд ќе има речи си секоја недела, а услови за врнежи од снег во Скопје ќе се создадат во втората половина од месецот но без можности да се формира снежна покривка.
Сегашната состојба вели дека услови за снег и снежна покривка ќе има пред Нова Година односно во последната недела од месецот.

28.11.2022 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега