Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милионски грабеж во Италија: Од магацин на „Маркизи Антинори“ украдени 30.000 шишиња врвно вино
    • Трагедија на музичката сцена: Почина легендарниот рок-музичар Горан Баре
    • Маж ги убил сопругата и пријателот, тројца други повредени – Двојно убиство кај Гњилане
    • Владата го продолжува намалениот ДДВ од 10 отсто за дизелот до 20 октомври
    • Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
    • Поминал на црвено светло, па удрил во друг автомобил – Тежок судар во Бачка Паланка
    • Трагедија кај Гњилане: Едно лице пронајдено убиено
    • Акција кај Богородица: Полицијата испука предупредувачки истрели и приведе 15 мигранти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » НБРМ: Повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци се во готовина

    НБРМ: Повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци се во готовина

    18.06.2026 во 11:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци останува ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава, беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, организирана во соработка со Светската банка.

    Тој посочи дека земјава има силна основа за дигитални плаќања, при што 84% од граѓаните поседуваат платежна сметка, а три од четворица корисници кои имаат сметка користат дигитални канали за плаќања. Дополнително, покриеноста со интернет и мобилна мрежа надминува 90%.

    Сепак, повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци сè уште се извршуваат во готовина. Од околу 16.700 трговци, околу 36.000 уреди овозможуваат прифаќање електронски плаќања, што укажува на нерамномерна и концентрирана употреба, особено кај малите бизниси.

    Величковски истакна дека клучниот предизвик не е подготвеноста на граѓаните, туку ограничената можност на малите трговци да прифаќаат дигитални плаќања, нагласувајќи дека тие сè уште ги сметаат за скапи и сложени.

    Тој посочи дека решението е во воведување поедноставени модели за плаќање, меѓу кои инстант плаќања преку клон на ТИПС, развиен од Банката на Италија за земјите од Западен Балкан, како и QR кодови, плаќања преку алијаси и инстант потврди за трансакции.

    Како што рече, овие решенија треба да ги намалат трошоците и сложеноста и да овозможат плаќање „едноставно како примање порака на телефон“.

    Вицегувернерот ја нагласи и соработката со Светската банка во реформите, вклучително и приклучувањето кон СЕПА и модернизацијата на платниот систем, со цел секој мал трговец да може лесно и евтино да прифаќа дигитални плаќања.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Владата го продолжува намалениот ДДВ од 10 отсто за дизелот до 20 октомври

    09.10.2026 во 16:38

    Владата пресмета 11.000 денари поевтина потрошувачка кошничка од синдикатот

    09.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.