Македонскиот банкарски сектор е во одлична кондиција, а граѓаните и фирмите редовно си ги плаќаат ратите. Ова го покажува најновиот Извештај за ризиците на Народната банка за третиот квартал од 2025 година, според кој стапката на нефункционални (лоши) кредити падна на историски најниското ниво од само 2,3%.

Советот на Народната банка оцени дека системот е сигурен, со висока солвентност и адекватност на капиталот од 19,5%.

Резултатите од стрес-тестовите покажуваат дека домашните банки имаат „дебел штит“ и висока отпорност на потенцијални економски шокови.

„Ликвидносната позиција зајакна со што покрива значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата… Банкарскиот сектор остваруваше добивка од работењето, иако таа благо се намали“, стои во извештајот.

Exit mobile version