Навивачи на Панатинаикос го нападнаа газдата на клубот (ВИДЕО)

Димитрис Јанакопулос, сопственик на Панатинаикос сподели видео од напад на неговата куќа.

Тој е контроверзен сопственик на клубот и неодамна го стави на продажба за 25 милиони евра, додека се решава прашањето дали ПАО ќе влезе во ФИБА или Евролига.

Тоа очигледно ги налути жестоките навивачи на ПАО кои се одлучија да го нападнат, а тој објави снимка на која се гледа како 50-тина тргнуваат кон неговата куќа.

Грчката полиција потврди дека имало напад, но засега никој не е уапсен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by dimitris giannakopoulos (@dpg7000) on Jun 10, 2020 at 10:10am PDT

10.06.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега