Навивач на Партизан убиен во Панчево - застрелан оставен пред влез на болница

24-годишниот Т.С. познат како навивач на ФК Партизан бил убиен вчера во пукање во местото Старчево кај Панчево.

Како што дознаваат српските медиуми, синоќа во Старчево се случила пресметка меѓу повеќе навивачки групи кога засега непознато лице испукало поголем број на куршуми од огнено оружје, од кои еден завршил во стомакот на Џими.

Timotije Stojanovic Dzimi

-Т.С. бил оставен пред влезот во Општата болница во Панчево со рани од огнено оружје, а после обидот за реанимација починал во болница - соопштило Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Според неофицијални информации, еден од учесниците со својот автомобил удрил во лицето кое пукало со пиштол.

Убиениот маж имал и полициско досие.

Timotije Stojanovic Dzimi

По налог на Вишото јавно обвинителств во Панчево полицијата интензивно работи на идентификација на сите учесници во конфликтот и апсење на убијците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега