Наутро сонце, а попладне дожд и грмежи- Метеоролозите со информации какво време не очекува
Нема да има стабилизација на временската состојба во земјава во наредните неколку дена, соопштува метеорологот Славчо Попоски.
Нешто постабилно ќе биде утре и во сабота, но и тогаш ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот утре и во сабота ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока вредност и ќе изнесува 8.
Од недела па натаму особено во попладневните часови и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со порооен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Од недела, како на почетокот од следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад, што значи дека и понатаму ќе се задржи пријатно топло време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа