Научно докажано: Социјалните мрежи може да го влошат чувството на досада

„Убивањето време“ на социјалните мрежи може да го влоши чувството на досада, наместо да го ублажи потврдува научна студија.

„Нашата студија покажува дека додека луѓето скокаат од видео на видео за да избегнат досада, на нив им станува сè подосадно“, вели авторката на студијата д-р Кети Там, постдокторски истражувач по психологија на Универзитетот во Торонто.

„Исто така, тоа го прави ова искуство помалку задоволувачко и помалку значајно бидејќи бара помала вклученост“, додаде таа.

Со изобилството на извори за забава достапни за современите луѓе, може да се претпостави дека луѓето се поанимирани од кога било досега, но истражувањата покажаа дека од 2008 до 2020 година, особено на младите им е сè повеќе досадно.

21.08.2024 - 21:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега