Научник од Оксфорд тврди: „Коронавирусот не настанал во Кина туку бил присутен во цел свет, само чекал“

Канализационата мрежа е особено погодна за зачувување на вирусот затоа што температурата таму често е пониска од оние на површината, па вирусите остануваат сочувани и можат долго да преживеат, но и да се шират.

Новиот коронавирус не потекнува нужно од Кина, откриле научниците од Универзитетот Оксфорд.

Како што појаснил д-р Том Џеферсон од Центарот за медицина, повикувајќи се на доказите од Универзитетот Оксфорд, новиот коронавирус веројатно мирувал со години ширум светот и чекал да се поклопат совршените услови за да избие.

Тој истакнува дека трагите од новиот коронавирус се пронајдени и во канализационата мрежа во Шпанија, Италија и Бразил и пред коронавирусот да се појави во Кина.

Но, многубројни научници истакнуваат дека шпанското истражување не е точно и велат дека сите докази покажуваат дека новиот коронавирус се појави во Кина.

Д-р Џеферсон истакнал дека треба дополнително да се истражи зошто вирусот се појави токму на пазарите во Кина.

Тој смета дека со тоа би се откриле и другите начини на пренесување на коронавирусот.

Тој во разговор за „Daily Telegraph“ истакнал дека теоријата според која што коронавирусот претходно бил присутен во целиот свет, но дека чекал совршени услови за да се развие и размножи, објаснува и како дошло до ширење на Шпанскиот грип во 1918-та година.

„Секогаш постои нешто кое што го поттикнува вирусот на активирање. Можеби тоа е напукнатост на некој простор или пак условите во околината, а тоа е тоа што треба да го бараме“ - истакнал д-р Џеферсон.

СЗО најавила истражување кое што треба да го даде точниот одговор за почетокот на пандемијата која што беснее во светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега