Научниците уверени дека коронавирусот се пренесува преку воздух, познато е што би значело тоа за нас

Доколку е вистина дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тогаш тоа значајно ќе влијае на мерките во борбата против ширење на заразата,

Њујорк Тајмс наведува дека би се носеле маски и на отворени и на затворено, па дури и ако се почитува мерката за дистанца.

Група од 239 научници од 39 земји ќе објават отворено писмо до Светската здравствена организација во научно списание оваа недела, со цел агенцијата на ОН да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне корона инфекција со вирусот.

Научниците тврдат дека коронавирусот може да се пренесува и преку воздух, што значи дека честичките на вирусот може да лебдат во воздухот во затворени простории и дека луѓето може да се заразат доколку ги вдишат.

Ставот на СЗО е дека вирусот се шири од човек на човек преку синтите капки од носот или устата кои  се шират кога личноста заразена со Ковид 19, зборува или кива.

Ако вирусот се шири преку воздух, тогаш мерките во борба против него ќе претпрпат значителни промени.

Како што е објаснето, новите превентивни мерки би вклучиле носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерки за социјално оддалечување и задолжителни маски за Н96 за здравствени работници кои се грижат за заразени пациенти „да ги филтрираат дури и најмалите капки за дишење“.

Покрај тоа би требало да се заменат и вентилационите цевки зада се намали циркулација на возухот.

По прегледувањето на внатрешните е-меилови на СЗО и интервјуата со 20 научници, вклучувајќи консултанти на СЗО, се добива слика на агенцијата како некој кој „и покрај добрите намери, не се придржува до науката“.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека неодамнешното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, по повторното отворање на компании и канцеларии, „сè повеќе го потврдува она што многу научници го велат со месеци: Вирусот останува во воздухот во затворени простории, заразувајќи ги оние што се во близина“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега