Научници тврдат: Пронајдовме спреј кој го убива коронавирусот за само еден час
Научници од американскиот универзитет Вирџинија Теч сметаат дека пронашле решение за дезинфекција: спреј кој го убива коронавирусот во рок од еден час.
-Тезата е дека кога вирусот со капките ќе падне на некоја тврда површина, тој во моментот не е активен, објаснува главниот автор на студијата Вилијам Дакер, професор по хемиско инженерство.
Според студијата, тој за само еден час по нанесувањето на тврда површина, без разлика дали станува збор за стаклена, челична или од друг материјал убива дури 99,9 отсто од вирусот. Исто така, ефикасен е и ако една недела седи во вода.
-Еден час е најкраткиот период кој досега сме го тестирале, а сега го испитуваме и делувањето во уште пократко време, вели Дакер.
Истражувачите се надеваат дека нивниот спреј ќе делува по само неколку минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа